Несторовски ќе биде замената за Боачи во Црвена Звезда!?

Илија Несторовски Црвена Звезда

Напаѓачот на Црвена Звезда, Ричмонд Боачи, најверојатно ќе си замине од Белград на крајот од оваа сезона.

Интернационалецот од Гана има неколку понуди на маса кои би требало да бидат доволно примамливи за да го натераат да го соблече „црвено-белиот“ дрес по само една сезона.

Во Србија на големо започна да се шпекулира дека Илија Несторовски, македонскиот репрезентативец, ќе биде ангажиран за да го пополни празното место. Исфрлањето на Палермо во Серија Ц е причина плус за нашиот голгетер да размислува за трансфер ова лето.

Со 15 гола на 28 натпревари, популарниот Нестогол е прв стрелец на екипата во второто по ранг натпреварување во Италија.

Српскиот прволигаш и минатата година се интересираше за 29-годишниот напаѓач, но немаше пари да го откупи неговиот договор. Соработката со тимот од Сицијлија му истекува во 2021 година, а сумата која управата ја бара за него изнесува нешто повеќе од милион евра.