ВИДЕО: Капитенот Несторовски со гол во 86. минута донесе голема победа за Палермо!

Екипата на Палермо, по киксот со Бреша, експресно им се врати на победничките патеки во втората италијанска лига, Серија Б, откако во вечерашното дерби со Кротоне славеше со минимални 1-0. 

Херој на сицилијанскиот тим беше нашиот репрезентативец, Илија Несторовски, кој како вистински капитен погоди кога беше најпотребно. Популарниот „Нестор-гол“ во 86. минута прво се одлично се ослободи од својот чувар и со дијагонала со десната нога го совлада гостинскиот голман, за голема радост на фановите на Палермо. 

За македонскиот голгетер ова е негов трет овосезонски гол, а вториот наш репрезентативец кој ги брани боите на Палермо, Александар Трајковски одигра солидни 76 минути. 

Со овие три бода Палермо изби на второто место на табелата во Серија Б, со само едне бод помалку од лидерот Пескара.