ВИДЕО: Несторовски ја „стресе“ Фиорентина, за голема победа за Удинезе!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски постигна важен гол за Удинезе и за голема победа над Фиорентина (1-0), инаку еден од ривалите во битката за опстанок во италијанската фудбалска елита.

„Зебрите“ се далеку од посакуваната форма, но со овие три бода избегаа од долниот дел на табелата и скокнаа на дванаесеттата позиција. Фиорентина има 25 бода, седум повеќе од првиот тим кој е на местата за испаѓање.

Несторовски тргна од првата минута, а победничкиот гол го постигна во 86. минута. Центарфорот доби топка од Родриго де Пол и со глава ја смести зад грбот на голманот на „виолетовите“, за голема радост на домашните на „Дачија Арена“.

Удинезе сега во калчото има 28 бода, а во следната рунда го чека тешко гостување кај Милан на „Сан Сиро“.