ВИДЕО: Несторовски ја продолжи супер-серијата за Палермо со гол од пенал!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски успеа да постигне нов погодок за Палермо и да донесе предност на гостувањето кај Ливорно (0-1).

Нашиот репрезентативец стрелаше во 41. минута, откако Палермо доби пенал. Капитенот на сицилијанскиот тим шутираше, голманот ја погоди страната, но топката ја стресе мрежата на Ливорно.

  • Голот на Несторовски против Ливорно: 

Несторовски со голот кај Ливорно успеа да ја продолжи супер-серијата за Палермо и го постигна 13. гол за тимот во Серија Б оваа сезона.