ВИДЕО: Несторовски ја продолжи серијата, супер-гол на Македонецот во Козенца

Илија Несторовски продолжува со добри игри во Серија Б во дресот на Палермо. Македонскиот репрезентативец го отвори резултатот во Козенца, откако уште во 16. минута постигна водечки гол за Палермо.

Прилепчанецот дочека одлично додавање од Пушкаш десната страна и од прва со прецизна дијагонала ја погоди домашната мрежа и немоќниот Перина (0-1). 

Овој гол се надоврзува на двата гола пред репрезентативната пауза во Карпи. Сега, некогашниот фудбалер на Интер Запрешиќ има десет гола сезонава во дресот на Палермо. 

Сепак, многу брзо Козенца се врати во натпреварот и израмни со голот на Шиаудоне во 34. минута.