ФОТО: Несторовски го пречека Елмас пред дуелот во Удине

Настапот на Илија Несторовски на мечот против Наполи е под знак прашалник, поради повреда на коленото.

Македонскиот напаѓач нема запишано натпревар за Удинезе од април. Наскоро се очекува негов кам-бек на терените, што се добри вести за калчолигашот, но и за репрезентацијата на Македонија.

На гости во четвртото коло му доаѓа Ељиф Елмас. Играчот за врска има солидна минутажа оваа сезона кај Лучијано Спалети и се очекува да се појави на теренот.

Во пресрет на мечот, Нестогол беше домаќин на својот соиграч од репрезентацијата, со кого направи кафе-средба.