Несторовски доби нов договор – во Славен Белупо до 2026 година!

Македонскиот центарфор Илија Несторовски доби нов договор од екипата на Славен Белупо и останува во клубот во следните година и пол.

34-годишниот прилепчанец се врати во ХНЛ-лигата по авантурата во Италија, на осум натпревари постигна три гола, а добро ги стартува и подготовките. Тоа беше знак за управата да му даде нов договор до јуни 2026 година.

„Среќен сум што се договоривме за нова соработка, бидејќи во Копривница се чувствувам како дома. Во клубот владее семејна атмосфера и кога клупските челници ми понудија нов договор, не се двоумев ниту минута. Не ни погледнав што пишува, веднаш потпишав и среќен сум што ќе останам во Копривница барем уште една година откако ќе заврши актуелната сезона. Верувам дека со моите голови и напор на теренот ќе придонесам клубот да напредува“, изјави Несторовски.

Несторовски во Славен Белупо дојде од Асколи, а претходно настапуваше за Удинезе, Палермо, Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачко и Победа.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.