ВИДЕО: Несторовски асистира, па „поцрвене“ по два жолти врз ист ривал!

Илија Несторовски имаше интересен настап против Славен Белупо во победата над Осијек (2-1) во деветтото коло на ХНЛ

Македонскиот интернационалец прво беше асистент за вториот гол кој го даде Шуто, меѓутоа потоа направи глупост. Несторовски „пожолте“ во 69. минута по прекршок над Мкртчиан. Веднаш во следната акција Ерменецот намерно му врати на нашиот фудбалер, а потоа изнуди и фаул за кој Несторовски беше исклучен. 

До крајот на средбата Славен успеа да ја одбрани победата, иако прими гол во судиското продолжение.