• Иван Димовски
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски по два натпревари „пост“ повторно стрела за Славен Белупо во рамките на 35. коло на ХНЛ против екипата на Горица.
Прилепчанецот го постигна вториот гол за својот тим на дождот во Копривница. Несторовски покажа дека уште е класа напаѓач, иако има полни 35 години. Македонецот доби одложена топка од Јакир по една долга акција, добро се намести и со ефектен удар погоди во подалечниот агол.
За Илија Несторовски ова беше осми сезонски погодок во шампионатот, а даде еден гол и во Купот на Хрватска.