Нестор уште е гол-мајстор: Двапати стрела во победата на Славен Белупо! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Славен Белупо славеа со 4-1 против Вуковар во рамките на 14. коло од ХНЛ. 

На овој натпревар Илија Несторовски пак покажа дека е гол-мајстор и беше двоен стрелец. Прилепчанецот погоди за 2-0 во 25. минута откако одлично проследи акција во која гостите згрешија. Потоа во вториот дел Нестор пак покажа дека има чувство за гол и погоди на „празна мрежа“ за конечните 4-1. 

Оваа сезона Илија Несторовски има три погодоци во хрватскиот шампионат, откако претходно погоди против Истра.