• Иван Димовски
Фудбалерите на Вараждин го совладаа Славен Белупо на гости со 1-4 во натпревар од второто коло на Првата лига во Хрватска.
Стрелец на единствениот гол за домаќинот Славен беше македонскиот интернационалец Илија Несторовски. Прилепчанецот се најде на вистинската позиција по топка од Дабро и ја испрати топката во мрежата за да намали на 1-3 во тој момент.
Несторовски беше најдобар поединец во својот тим според оценката, но не успеа да помогне да се избегне висок пораз. Во редовите на Вараждин цел натпревар одигра уште еден македонски интернационалец, а тоа беше Марио Младеновски.



