• Иван Димовски
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски ја продолжи добрата форма од подготовките и ја пренесе во Првата хрватска лига.
Прилепчанецот беше стрелец за Славен Белупо на гостувањето кај шампионот Ријека. Несторовски погоди уште во втората минута од средбата со глава по нафрлување на пеналтикот и одново докажа дека уште има што да каже на фудбалски план.
Освен тоа, Несторовски изнуди и црвен картон бидејќи пред полувремето Мајсторовиќ со отворна копачка буквално го згазна на потколеницата.




