• Иван Димовски

Фудбалерите на Удинезе загубија на домашен терен од Болоња со 1-2 (1-0), во рамките на 18. коло на италијанската Серија А. Средбата на „Дачиа Арена“ во Удине понуди две различни полувремиња, домашните поведоа, ама гостите на крајот се радуваа по пресврт.
- Извештај од натпреварот:
Резултатот беше отворен во десеттата минута кога Бето погоди за 1-0 по асистенција од Саксес. Бргу потоа Бето погоди и вторпат, меѓутоа голот не се важеше поради офсајд. Слична сцена имаше и пред спротивниоот гол во финишот на полувремето, кога погоди Сансоне и реагираше ВАР собата. Сепак, Никола Сансоне успеа да израмни во второто полувреме, откако беше проигран од Моро и погоди за 1-1 во 59. минута. По серијата измени на двете страни, Стефан Порш беше херој на гостите, постигнувајќи го погодокот за пресврт и подоцна победа на Болоња.
На овој натпревар македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше резервист, влезе во игра во 84 минута и одигра околу 12 минути за тимот од Удине.