Нестогол во одлична форма, асистираше за победа на Славен кај Локомотива

Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски, продолжува со одличните игри во дресот на Славен Белупо. 

Популарниот „Нестогол“ веќе двапати се запиша во листата на стрелците во домашното првенство, а денес придонесе и со асистенција во минималната победа над екипата на Локомотива од Загреб (0-1). 

Македонецот асистираше за Ален Гргиќ, кој го постигна единствениот гол на мечот во 32. минута, носејќи три бода за својот тим, со кои Славен ја забележа само втората победа сезонава. Несторовски има и еден постигнат гол во Купот на Хрватска.