• Иван Димовски
Италијанскиот прволигаш Монца го промовира наследникот на Рафаеле Паладино. Шанса за докажување ќе добие италијанската легенда Алесандро Неста.
48-годишникот минатата сезона седеше на клупата на Реџиана во Серија Б, но сега ќе добие шанса на големата сцена. Неста во својата скромна тренерска кариера беше тренер на Фрозиноне, Перуџа и Мајами. Легендата досега нема водено тим во елитата, па Монца ќе му биде прв посериозен предизвик.
BENVENUTO MISTER #ACMonza #WelcomeNesta pic.twitter.com/MTUjfsZ57m
— AC Monza (@ACMonza) June 12, 2024
Овој ангажман за Неста значи обединување со Адриано Галијани, човекот кој своевремено го доведе во Милан од редовите на Лацио. Добрите односи на Галијани и Неста доведоа до негова промоција на клупата на Монца.
Минатата сезона во Серија А екипата на Монца финишира на дванаесеттото место и ќе врзе три сезони во калчо елитата.