Неста ќе го враќа Фросиноне во Серија А

Големо име на италијанскиот фудбал започна нов проект на клупата на Фросиноне. Поранешниот италијански репрезентативец и член на Лацио и Милан, Алесандро Неста е именувам за нов тренер на Фросиноне.

Овој клув во следната сезона ќе настапува во Серија Б и на Неста му е доверена неблагодарната улога да се обиде да го врати младиот клуб од централна Италија во елитата. Неста се согласи на двегодишен договор и денес ќе биде претставен во својот нов клуб.

43-годишникот тренерската кариера ја почна во Мајами пред три години, а минатата сезона ја водеше Перуџа, но не успеа да избори учество во Серија А.