ВИДЕО: Неста и Фросиноне не успеаја, Специја слави промоција во Серија А

Фросиноне, клуб чиј тренер е поранешниот легендарен играч на Лацио, Милан и италијанската репрезентација, Алесандро Неста не успеа да се пласира во елитната категорија на италијанскиот фудбал. Иако победи со 0-1 во реваншот од финалето на плеј-офот за промоција во Серија А против Специја, заради подобриот пласман на Специја во лигата, Фросиноне извиси и ќе игра и следната сезона во Серија Б

Минималната победа во првиот гостински натпревар се покажа како доволна за Специја. Фросиноне вечерва успеа да стигне до победа со голот во 61. минута на Родин. Според правилата, фудбалерите на Алесандро Неста мораа да постигнат уште еден гол, затоа што при нерешен исход нема продолженија или пенали, туку предност има екипата со подобар пласман во регуларниот тек на лигата. Специја беше четврта, додека Фросиноне осми и по тој епилог Специја слави историска промоција во Серија А. 

  • Специја - Фросиноне 0-1: 

Специја по осуманесет години се враќа во елитгата, а еднап и тоа по Втората светска војна во 1944 година, стана и шампион во скратениот шампионат на Италија. Промоција во повисок ранг прославија и Беневенто и Кротоне