ВИДЕО: Несреќен автогол на Серафимов во дресот на Левски

Македонскиот репрезентативен дефанзивец Никола Серафимов попладнево несреќно се запиша во листата на стрелците, но со автогол, во натпреварот од 18. коло во елитната бугарска лига.

Во 27. минута, по една несреќна ситуација, Серафимов ја затресе сопствената мрежа, за 2-0 за Славија Софија. Овој погодок се покажа како клучен, бидејќи Славија успеа да слави во градското дерби. Серафимов беше стартер и ги одигра сите 90 минути за „сините“ од Софија.

И покрај поразот, Левски останува на врвот на табелата, со предност од пет бодови пред второпласираниот тим.