ВИДЕО: Несреќен автогол на Јармоленко, Велс патува на СП во Катар!

Репрезентацијата на Велс е последната европска фудбалска сила која што обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември и декември оваа година. Во финалниот бараж дуел островската селекција со минимални 1-0 славеше над Украина и така ја собра последната виза за учество на планетарниот собир. 

  • Извештај од натпреварот:

По убедливата победа над Шкотска во полуфиналето, украинските фудбалери на „Кардиф Сити Стадиум“ одиграа сосема солидна партија, беа подобриот ривал во текот на сите 90 минути, но на крај теренот го напуштија со наведнати глави. 

Токму Украинците први се заканија и преку Јеремчук и Караваев испуштија шанси за отворање на резултатот, додека на спротивната страна Велс поведе од првата посериозна шанса. Герет Бејл од полулево биеше директно од слободен удар, а Јармоленко со глава место да ја отстрани опасноста, ја смести топката зад грбот на Бушчан, за голема радост на трибините и водство на Велс од 1-0, резултат со кој се замина на одмор.

Во вториот дел Украинците со сите сили тргнаа по израмнување, но домашната одбрана на чело со голманот Хенеси не потклекна и Велс слави ново учество на едно Светско првенство.

На планетарниот собир Велс ќе  учествува во групата Б, заедно со Англија, САД и Иран. 

Состави

Robert Page

4-4-2

    Олександар Петраков

    4-1-4-1