• Саше Љолес

Новиот голман на Интер, Швајцарецот Јан Зомер, немаше славно деби во дресот на „нероаѕурите“. Тој беше во стартниот состав на натпреварот против Салцбург, но голманот направи еден „кикс“, по кој неговиот тим прими гол.
Интер успеа да слави во спектакуларниот натпревар кој заврши со победа на Италијанците од 3-4, но грешката на Зомер предизвика многу реакции во јавноста, а на социјалните мрежи навивачите се шегуваат дека голманот е „полн погодок“ за миланскиот тим.
- Грешката на Јан Зомер против Салцбург:
Not the best Inter debut for Sommer pic.twitter.com/eA0CBgAtk9
— Italian Football TV (@IFTVofficial) August 9, 2023
Тој пред само два дена пристигна во Интер и се очекува да биде прв избор меѓу стативите, а тренерот Симоне Инзаги очигледно ќе мора малку да поразговара со него и да го посоветува да биде повнимателен при истрчувањата надвор од шеснаесетникот.
Стрелци за Интер беа Де Врај, Кореа и Сенси, а Павловиќ од Салцбург си постигна автогол. Кај германскиот тим Конате постигна два гола, а Баидо додаде уште еден.
- Извештај од натпреварот:
Ова беше претпоследен контролен натпревар за Интер пред почетокот на новата сезона во Серија А. Актуелниот европски вицешампион ќе одигра дуел со албанскиот тим Егнатиа, а авантурата во италијанскиот фудбал ќе ја започне на 19 август, кога на „Џузепе Меаца“ ќе гостува екипата на Монца.