Неславен рекорд: Селтик го отпушти тренерот по само 33 денови на клупата!

Фудбалскиот великан Селтик од Глазгов го отпушти тренерот Вилфред Нанси по само 33 дена на клупата, што е еден од најкратките тренерски мандати во историјата на клубот.

Нанси дојде како наследник на Брендан Роџерс, навивачите имаа големи очекувања, но неговиот престој беше обележан со слаби резултати. Тимот забележа само неколку победи, додека претрпе повеќе порази, а последниот удар беше поразот во дербито со Ренџерс (1-3). 

Покрај Нанси, од клубот си заминаа и неговите соработници од стручниот штаб. Селтик сега ќе бара нов тренер кој ќе може да ги стабилизира резултатите и да го врати клубот во борбата за титулата во шкотската Премиер лига.

Привремено решение е искусниот Мартин О'Нил, кој ќе го предводи тимот во следниот период, а не е исклучена можноста и за подолг договор. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.