• Саше Љолес
Поранешниот голман на Ливерпул, Симон Мињоле, најверојатно ќе ја заврши долгата фудбалска кариера, откако доживеа повреда играјки за својот Клуб Бриж, што автоматски значи дека нема повеќе да настапува оваа сезона.
Според информациите од клубот, Мињоле ќе отсуствува најмалку неколку недели, а со оглед на тоа што веќе најави спортска пензија, изгледа дека ќе ја заврши кариерата на помалку неславен начин.
38-годишниот Мињоле беше член на Ливерпул од 2013 до 2019 година, кога се пресели во Клуб Бриж. Претходно настапуваше уште за Сандерленд и Сент Труиден. Има и 35 настапи за репрезентацијата на Белгија.

