Нескромниот Азар: Ја заслужувам наградата за најдобар играч!

Ѕвездата на Челзи и на репрезентацијата на Белгија, Еден Азар, смета дека наградата за најкорисен играч на турнирот во Русија, треба да му припадне нему. Тој одигра одлично на Мундијалот, постигна три погодоци и е еден од кандидатите за престижната награда.

Иако смета дека тој ја заслужил, вели дека ќе му припадне на некој фудбалер што ќе игра во финалето.

„Титулата за најдобар играч на Светското првенство би си ја доделил себе си, но не одлучувам јас за тоа. Веројатно ќе му ја дадат на некои од фудбалерите, чии репрезентации играат во финалето“, вели Азар.

Белгиецот го заврши турнирот со гол против Англија во победата од 2-0, во меч кој одлучуваше за бронзениот медал.