• Саше Љолес
Во таборот на Олимпик Марсеј владее хаотична атмосфера по серијата лоши резултати во финишот од сезоната.
Францускиот тим доживеа тежок пораз од Нант (3-0), по што дополнително се зголемило незадоволството во соблекувалната. Играчите биле револтирани од строгите мерки воведени од клупското раководство и стручниот штаб.
Според француските медиуми, фудбалерите биле приморани да престојуваат во тренинг-центарот и да работат со засилено темпо, што создало голема нервоза и физичка исцрпеност во екипата.
Кулминацијата се случила на еден од тренинзите, кој бил прекинат поради незадоволството од ангажманот на дел од играчите, меѓу кои се споменува и Мејсон Гринвуд.
Марсеј моментално се наоѓа далеку од местата кои водат во Лига на шампиони, а атмосферата во клубот станува сè потензична како што се ближи крајот на сезоната





