Нешто чудно се случува со дефанзивците на Ливерпул, се повреди уште еден стопер 

Проблемите во редовите на Ливерпул од ден во ден се сè поголеми, особено во последната линија на менаџерот Јирген Клоп. Дефинитивно нешто чудно се случува со одбранбените фудбалери на „Енфилд“, затоа што денес со повреда се здоби уште еден дефанизвец на шампионот. 

По, Ван Дајк, Џо Гомез, Александар Арнолд уште еден бек на „црвените“ влезе во бележникот на лекарскиот тим на клубот. Се работи за младиот репрезентативец, Рис Вилијамс, кој се пожалил на болки на колкот и ја напушти тренинг-базата на младиот тим на Англија.

„Сметаме дека повредата не е е сериозна, но најдобро беше да го вратиме фудбалерот во својот клуб, каде ќе му бидат извршени детални прегледи“, велат од младата селекција на Англија. 

19-годишниот дефанзивец запиша три настапи за првиот тим на Ливерпул оваа сезона, а на последниот против Аталанта во Лигата на шампионите ги одигра сите 90 минути.