ВИДЕО: Нервозниот Перишиќ го турна момчето кое собира топки, во Италија зборуваат за казна

Иван Перишиќ

Лучијано Спалети и Интер никако не можат да кренат глава и да ја подигнат формата во италијанска Серија А.

Вчерашниот меч кај Каљари им донесе нов пораз, а во жарот на борбата, Иван Перишиќ имаше претерана реакција за која зборува цела Италија.

Хрватот сакаше што побрзо да стигне до топката, но наиде на тврдоглаво момче кое се потруди да му ја отежне работата. На тоа, гостинскиот напаѓач возврати со физички контакт кој би можел да биде санкциониран од страна на Италијанската фудбалска асоцијација.

Погледнете ја целата ситуација на „Сардења Арена“:

За 30-годишникот од Сплит натпреварот имаше посебно значење, поточно беше 150-ти во дресот на „неразурите“.