Нервите попуштија: Ристовски пред очите на судијата фати ривал за врат (ВИДЕО)

Динамо Загреб мака мачи со формата во новата сезона, а тоа го докажа и во дербито со Ријека кое заврши без победник (2-2). Дуелот мина во знакот на многу тензија и борбеност на двете екипи, но заврши со реми, кое најмногу му одговара на лидерот Хајдук. 

На овој натпревар свое шоу имаа и македонските интернационалци Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Капитенот на „модрите“ во налет на адреналин, според информациите, со нога удрил реклама крај теренот и ја скршил. 

За разлика од Адеми, Ристовски се најде во центарот на вниманието поради друга причина. Бекот ги загуби нервите и пред очите на судијата фати противнички фудбалер за врат, а и покрај обидите да го смират, тој се врати до ривалот и продолжи со навредите. 

За среќа на Ристовски и Динамо, судијата Бел го санкционира овој потег само со жолт картон. 

Состави

Darko Raic Sudar

4-4-2

    Ненад Бјелица

    3-5-2