ВИДЕО: Нереди и во Холандија, полицијата во „војна“ со навивачите на Ден Хаг!

Крајот на фудбалската сезона секогаш носи многу среќни моменти и големи прослави, но и разочарувања и нереди.

Така беше во неделата вечерта во Сент Етјен, откако култниот француски клуб испадна од Лига 1, а големи немири имаше и во Холандија. Хаотично беше и по улиците на Хаг, откако домашниот тим Ден Хаг беше поразен од Ексцелсиор во баражот за пласман во холандската Ередивизие.Неколку стотици хулигани беснееја по улиците, па полицијата мораше да употреби сила.

Навивачите тешко го поднесоа катастрофален пораз на Ден Хаг, кој загуби по изведувањето на пеналите, откако имаше предност од 3-0 на почетокот на вториот дел.