Нереални сцени во Истанбул: Лудило на промоцијата на Мурињо! (ВИДЕО)

Жозе Мурињо официјално е нов тренер на турскиот гигант Фенербахче, а на промоцијата на „Шукру Сарачоглу“ видовме неверојатни сцени во режија на фановите кои уште еднаш се покажаа како најфанатици.

Целиот стадион беше полн до последното место, а на промоцијата на Мурињо имаше непрекинато скандирање на неговото име, знамиња со неговиот прекар „Специјалниот“, пиротехника...

Амбициите за следната сезона на Фенербахче се високи, затоа го донесоа и еден од најдобрите светски тренери. Мурињо ќе има за задача да го врати турскиот великан на тронот на кој оваа сезона седна лутиот ривал Галатасарај.