ВИДЕО: Непрофесионалноста на дело – еве што правеше Белингем за првиот гол на Барса!

И два дена подоцна не стивнуваат реакциите од финалето на Купот на Кралот меѓу Реал Мадрид и Барселона, на кое победа извојува каталонскиот гигант.

Финалето во Севиља заврши со триумф на Барса од 3-2, а фановите на „кралевите“ ги бараат вистинските виновници за овој неуспех. Меѓу нив се најде и ланското засилување Џуд Белингем, кој со својот непрофесионален потег на еден начин ѝ дозволи на Барселона да го постигне првиот погодок на натпреварот. 

Прво, Пау Кубарси го пресече неговото додавање во средината на теренот и ја додаде топката на Педри, кој потоа испрати дијагонален пас до Дани Олмо на десно крило. Белингем целата таа акција ја проследи во место и со рацете на главата, наместо да тргне и да го спречи додавањето на Кубарси. 

Инаку, Барса до големата победа стигна со голот на Кунде во продолжението (3-2).