• Зоран Мишевски
Бранителот на титулата и екипата која важи за фаворит за освојување на белорускиот шампионат, Динамо Минск новата сезона ја започна со неочекуван пораз пред своите гледачи. Имено, попладнево сите три бода од главниот град ги однесе Рух Брест, со победата од 0-1.
Голот вреден три бода го постигна Ковтун на средина од првото полувреме.
Динамо Брест и Смолевичи играа без победник, 1-1, а головите ги постигнаа Мухамедов за гостите и Габи за домаќините.
- Динамо Минск - Рух Брест 0-1:
- Динамо Брест - Смолевичи 1-1:
Утре попладне се играат уште два натпревари од првото коло на шампионатот на Белорусија.