• Зоран Мишевски
Салцбург граби кон уште една титула во австриската Бундеслига. Победата од 2-7 синоќа во Виена против Рапид широко им ги отвора „вратите“ кон одбрана на тронот. Сепак, натпреварот ќе се памети по едно неповторливо ремек дело меѓу деветте погодоци.
Австрискиот репрезентативец Златко Јунузовиќ го постигна шестиот погодок, кој можеби е и најубав во неговата кариера. По изведениот корнер од десната страна, Јунузовиќ со волеј ја „искина“ мрежата на Рапид.
- Евроголот на Златко Јунузовиќ против Рапид:
Салцбург ја задржа убедливата предност пред ЛАСК на врвот на табелата во австриската Бундеслига.