• Горан Упале
Мејсон Гринвуд ова лето не се врати во Манчестер Јунајтед, туку кариерата ја продолжи во Олимпик Марсеј. Кај навивачите на култниот француски клуб имаше незадоволство поради ангажманот на англискиот ас, но Гринвуд со своите одлични игри на стартот брзо стана миленик на трибините и спасител на тимот.
Во второто коло поранешниот репрезентативец на Англија, кој пред неколку години беше обвинет за силувања на својата девојка, одново се запиша во листата на стрелците во Лига 1, овој пат за бод на својот тим против Ремс. По двата гола на отворањето на шампионатот против Брест, синоќа Гринвуд стрелаше за конечни 2-2 и поделба на бодовите.
- Извештај од натпреварот:
Инаку, 22-годишниот напаѓач летово го засили Олимпик Марсеј за трансфер вреден скоро триесет милиони евра.