ВИДЕО: Неодамна се бореше за живот, а сега со голот на кариерата донесе неопислива радост за својот народ!

Брегот на Слоновата Коска е нов шампион на Африка, откако по спектакуларниот пресврт го совлада фаворизираниот тим на Нигерија и со тоа по пауза од деветнаесет години повторно го освои златниот медал во Африканскиот Куп на нации. Иако на полувремето имаше негатива од еден гол, сепак домаќинот успеа да направи пресврт и да победи со 2-1.

  • Извештај од натпреварот: 

Резултатот беше отворен во 38. минута, кога Труст-Еконг со глава донесе водство за Нигерија од 0-1, резултат со кој се замина на одмор. 

Домашните фудбалери немаа што да загубат и по паузата со сите сили тргнаа по израмнување и тоа им се исплати во 62. минута, кога на 1-1 израмни Кеси. Но, тоа не беше максимумот на фудбалерите на Брегот на слоновата коска, бидејќи најдобриот момент на натпреварот се случи во 81. минута. Адингра нафрли, а Але постигна спектакуларен гол за огромна радост на трибините и шампионски трофеј за Брегот на Слоновата Коска.