Неочекувано: Новиот тренер на Брајтон доаѓа од Германија и има само 31 година

Управата на англискиот премиерлигаш, Брајтон, најверојатно ќе го назначи новиот тренер во текот на следната недела, а на изненадување на многумина, тоа ќе биде Германецот Фабиан Хирцелер. 

Ова име можеби не е многу познато во фудбалскиот свет, но се работи за 31-годишен стратег кој сезонава оствари голем успех и го внесе тимот на Сент Паули во Бундеслигата. Младиот тренер нема преголемо искуство во сениорска конкуренција, но управата на Брајтон во него гледа голем потенцијал и реши да му даде шанса во Премиер лигата. 

Британските медиуми пишуваат дека сите детали се договорени и се чека само официјалниот потпис на договорот. Навивачите се малку збунети, но се надеваат дека изборот не е погрешен и најавија голема поддршка за новиот кормилар на тимот. Брајтон ја заврши минатата сезона на 11. позиција во Премиер лигата.