Неочекувана разделба на Дрита и Зекирија Рамадани

Македонскиот фудбалски стратег Зекирија Рамадани доби отказ од позицијата шеф на стручниот штаб на косовскиот шампион Дрита. Одлуката за прекин на соработката дојде неочекувано на почетокот на месецов, веднаш на стартот од новата сезона.

Рамадани, кој претходната сезона беше прогласен за најдобар тренер во косовскиот шампионат, ја потврди веста во изјава за медиумите во оваа земја, 

Рамадани го предводеше клубот Дрита од ноември 2023 година до август 2026 година. Под негово водство, Дрита ја освои шампионската титула во Косово за сезоната 2024/25 и направи историски напредок во европските натпреварувања.

Пред да се пресели во Дрита, Рамадани работеше во Шкупи, а претходно имаше успешни ангажмани и титули со други косовски екипи како Трепча'89, Приштина и Фероникели.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.