Неочекуван проблем за Мусовски: По судир со противник остана без заб? (ВИДЕО)

Новиот македонски репрезентативец Дани Мусовски имаше неочекуван проблем на последниот натпревар на неговиот Сиетл Саундерс. 

Мусовски ја доби довербата на тренерот и беше стартер, меѓутоа по само 12 минути беше заменет. Македонскиот репрезентативец имаше судир со глава со еден противнички играч и падна на тревникот. Според видео снимките, делува дека Мусовски остана без еден заб по тој судир. 

Овој проблем се очекува бргу да биде надминат, па не треба да изненади ако Мусовски заигра за Македонија во пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и Турција.

Инаку, Сиетл загуби 0-2 на домашниот меч од МЛС лигата против Лос Анџелес Галакси.