Неочекуван потег на Пеп: Кансело заминува на позајмица во Баерн Минхен  

Португалскиот дефанзивец на Манчестер Сити, Жоао Кансело е многу блиску до трансфер во Баерн Mинхен, пренесуваат британските медиуми.

Португалецот, кој долго време беше многу важен член во ротацијата на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, по Светското првенство во Катар добива многу ограничена минутажа. Поради лошите игри по Мундијалот, Гвардиола почна се помалку да го вклучува во стартниот тим, а управата на „граѓаните“ наводно е подготвена да го продаде.

Според објавата на експертот за трансфери Дејвид Орнштајн, Кансело веќе заминал за Минхен за да го комплетира трансферот на „Алијанц Арена“. Наводно се работи за позајмица со опција за откуп, кој ќе изнесува 70 милиони евра.

Кансело на „Итихад“ пристигна во 2019 година од Јувентус за неверојатни 65 милиони евра, а за Сити забележа 154 настапи.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.