• Горан Упале
Фудбалерите на Брајтон неочекувано кикснаа на натпреварот кој што сите фанови на „лебедите“ очекуваа да го добијат. Во првиот натпревар од 13. коло во Премиер лигата тимот кој што високо котира на табелата и пред две кола го совлада шампионот Манчестер Сити, вечерва, потфрли пред својата публика и одигра само 1-1 против Саутемптон.
- Извештај од натпреварот:
Четата на Фабиан Хирцелер подобро го отвори натпреварот на „Амакс“ и со голот на Митома поведе во 29. минута. Овој погодок на јапонскиот ас беше посебен за него, затоа што беше прв на домашен терен по пауза од повеќе од една година, откако во септември минатата година погоди на средбата со Борнмут.
Ако првото полувреме целосно му припадна на Брајтон, по паузата на изненадување на сите „фенерџијата“ ја презеде иницијативата, која набргу вроди со плод и Доунерс погоди за 1-1. Само неколку минути подоцна Камерун Ачер стрелаше за 1-2, но по долгите прегледи во ВАР собата погодокот на младиот Англичанец беше поништен.
Во следното коло Брајтон враќање на победничките патеки ќе брка на гости кај Фулам, додека Саутемптон е пред нов голем предизвик, затоа што ќе се судри со Челзи.