Неочекуван исход на „Велодром“, Олимпик Марсеј го положи оружјето пред Оксер 

Фудбалерите на Олимпик Марсеј им приредија ново разочарување на своите фанови и во својот дом со 1-3 (0-3) го загубија натпреварот со Оксер, одигран во рамките од единаесеттото коло во Лига 1.

Момците на Роберто де Зерби уште од самиот старт наметнаа силно темпо на игра, но гостите беа тие кои ја искористија првата шанса и поведоа на „Велодром“. Се играше десеттата минута кога Синајоко ја затресе домашната мрежа и Оксер изненадувачки поведе со 0-1. По примениот гол Олимпик Марсеј притисна уште пожестоко, но ниту тоа не донесе резултат. Напротив, до крајот на полувремето Оксер постигна уште два гола и ги згасна сите надежи на фаворизираниот противник. 

На 0-2 зголеми Перин во 43. минута, а две минути подоцна Траоре на додавање на стрелецот на вториот гол погоди за веќе убедливи 0-3 за гостите. Во вториот дел Олимпик Марсеј успеа само да го ублажи поразот и конечните 1-3 ги постави Мејсон Гринвуд од најстрога казна. 

Во следното коло, кое на програмата е по последната репрезентативната пауза, Олимпик Марсеј гостува кај Ленс, а Оксер на свој терен ќе го пречека Анже. 

Состави

Roberto De Zerbi

4-2-3-1

    Christophe Pelissier

    3-4-2-1