Неочекуван гостин во Скопје: Пес го прекина мечот против Шкотска (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Македонија и Шкотска на Националната арена „Тодор Проески“ во третото коло во Лига Б од Лигата на нациите беше во краток прекин. Причината беше навистина симпатична и несекојдневна. 

На теренот во Скопје истрча пес кој трчаше пред македонскиот гол. Во помош истрча Себастијан Херера обидувајќи се да му го покаже патот надвор од игралиштето. 

Овој прекин траеше неполна минута и бргу беше решен „проблемот“ и „натрапникот“ ги остави фудбалерите да продолжат со играта.

Состави

Гоце Седлоски

3-5-2

    Себастјан Покоњоли

    3-4-2-1