ВИДЕО: Необјаснив потег на фудбалер на Напредак, автоголот во Србија го обиколи светот

Екипата на Партизан продолжува да реди победи во домашниот шампионат. Викендот кој што е зад над, жрвта на „црно-белите“ беше тимот на Напредак, кој загуби со 0-2, но сите зборуваат за автоголот кој што го постигна домашниот фудбалер Стефан Јовановиќ.

По акција на Стојковиќ и Захид, резервистот од Пакистан уфрли луцидна топка во срцето на казнениот простор на домаќинот, а дефанзивецот на Напредак реагираше необјасниво и ја смести топката во сопствената мрежа.

Партизан е лидер по осум одиграни кола. Има седум победи и едно реми и има четири бода повеќе од Црвена Звезда, која ја зазема третата позиција.