• Сашо Поповски

Селекторот на Србија, Тони Џерона, го објави поширокиот список ракометари со кои ќе игра во квалификациите за Европското првенство 2022, кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
На списокот има место за повратникот Петар Ненадиќ, а исто така и за вардарецот Марко Вујин. Голема конкуренција ќе има на голманската позиција на која ќе конкурираат поранешниот член на Вардар, Дејан Милосављев, и Владимир Цупара, кој моментално важи за еден од најдобрите на својата позиција во цела Европа.
Први противници за српската селекција во квалификациите ќе бидат Германија и Грција.

