Неморална понуда од Саудиска Арабија за најдобриот стрелец на Баер Леверкузен

Лудите понуди од Саудиска Арабија не престануваат. Така последната стигна на адреса на еден од најдобрите стрелци во Бундеслигата.

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Клубови од Блискиот Исток размислуваат за можен трансфер на напаѓачот од Африка вреден околу 50 милиони евра.

Бонифејс сезонава има осум голови и една асистенција. За потписот на  24-годишниот интернационалец од Нигерија се заинтересирани и неколку екипи од Англија. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.