ФОТО: Немоќта на најдобриот фудбалер на светот во обидот да го сопре Меси

Лука Модриќ Лионел Меси

Голем број на фудбалски фанови не се согласија со одлуката Лука Модриќ да ја освои „Златната топка“ за 2018 година.

Хрватот заврши пред Кристијано Роналдо и двајцата Французи, Антоан Гризман и Килијан Мбапе, а за Аргентинецот имаше место дури на петтата позиција.

Вчерашниот меч беше само потврда дека ѕвездата на Барселона сѐ уште е на врвот на свтскиот фудбал, а една фотографија предизвика големи реакции на социјалните мрежи. Во истата, најдобриот играч на светот му се „поклони“ на аргентинскиот генијалец.

Каталонците со убедливи 0-3 го совладаа Реал Мадрид и се пласираа во историското шесто финале во низа во Купот на Кралот.