Немили сцени на „Вембли“: Линделоф погоден со запалка во лице (ВИДЕО)

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф беше погоден со запалка додека „ѓаволите“ го прославуваа голот на Бруно Фернандеш за израмнување на 1-1 во англиското ФА Куп-финале. Шведскиот дефанзивец беше погоден во лицето, но сепак продолжи да игра и се задржа на теренот до 83. минута. 

Линделоф падна на тревата и се држеше за лицето, но по укажаната помош, се врати и го продолжи натпреварот во кој неговиот тим не успеа да го изненади фаворизираниот градски ривал. Стоперот беше повлечен во игра осум минути пред истекот на регуларниот дел, а на негово место влезе Скот Мектоминеј. 

Манчестер Јунајтед го загуби финалето од ФА-Купот против градскиот ривал Манчестер Сити, а натпреварот мина во знакот на Илкај Гундоган и Кевин де Брујне. Германскиот репрезентативец беше стрелец на два одлични гола, а извонредниот Белгиец повторно забележа две асистенции.

Состави

Пеп Гвардиола

4-1-4-1

    Ерик тен Хаг

    4-2-3-1