„Немав време да зборувам со сите поединечно, ако некој сака да си оди – слободен е!“

Жозе Мурињо го презеде кормилото на Тотенхем од Почетино, а пред гостувањето кај градскиот ривал Вест Хем в сабота, за првпат се обрати на јавноста. Португалецот имаше само пофални зборови за својот претходник. 

„Мислам дека морам да кажам неколку зборови за Маурисио. Сакам да му честитам за тоа што го постигна и сакам јавно да му укажам дека овој клуб засекогаш ќе биде негов дом. Овој стадион секогаш ќе биде негов и може да дојде кога ќе посака. Сигурен сум дека брзо ќе пронајде нов клуб и дека пред него е сјајна иднина", изјави Мурињо.

Екипата на Тотенхем имаше лош старт на сезоната и се наоѓа на 14-тото место на табелата во Премиер лигата. Сепак, Мурињо верува во тимот и играчите. Тој смета дека има голем простор за напредок, но мислите му се само на дуелот со Вест Хем.

„Среќен сум што сум тука. Кога некој клуб прави вакви промени среде сезона, значи ситуацијата не е добра. Резултатите се тие кои ги поттикнуваат овие одлуки. Овој клуб има потенцијал и одлични играчи што навистина ме радува. Големиот потенцијал и визијата на господин Леви се главните причини што сум тука", продолжи Жозе.

Меѓу другото тој се надоврза и на играчите, чии договори истекуваат во следниот период - Данецот Ериксен, како и Белгијските стопери Вертонген и Алдерверелд.

„Немав време да зборувам со сите посебно. Најважно ми е играчите да се чувствуваат добро и спремно за в сабота. Ако некој сака да си оди во јануари или јуни може слободно тоа да го стори. Јан е повреден, но другите играчи мора да бидат спремни за тимот. Нормално, важен е клубот и навивачите, важен сум јас и претседателот Леви, но најбитно е професионалците да се среќни. За почеток, мораме да се фокусираме на добар резултат во следните два натпреварит", заклучи Мурињо. 

Новинарите не издржаа, а да не го запрашаат за интересната изјава кога беше во Челзи. Тој јасно кажал дека не би го водел Тотенхем, но на прашањето одговори дека тоа било пред да го отпуштат. 

  • Провокативното прашање за изјавата во 2007 година.

Португалецот во две етапи го водеше Челзи и освои три титули во Премиер лигата.