ВИДЕО: Немања Матиќ се степа за топката со асистентот на Костарика

Репрезентацијата на Србија на отворањето на Светското првенство ја совлада Костарика (0-1), а првиот инцидент на мечот беше во финишот и го предизвикаа Немања Матиќ и асистентот во стручниот штаб на Костарика.

Откако топката излезе во аут, Србинот тргна кон неа да ја земе и брзо да го изведе прекинот, но асистентот на Костарика ја крена в раце и одби да му ја даде. Тоа предизвика нервоза кај ѕвездата на Манчестер Јунајтед кој реагираше бурно.

Судиите одлучија да нема санкции за двајцата, но можно е тие да бидат казнети од дополнителната комисија на ФИФА, по прегледувањето на видео-снимките од ВАР-технологијата.