• Саше Љолес
Србинот Немања Матиќ е само уште еден во низата фудбалери кои решија да го покријат логото за кампањата против хомофобија, која ја организираше француската Лига 1.
Матиќ тоа го стори на натпреварот против Анжер, а истиот потег го повлече и Мостафа Мохамед од Нант, кој веќе доби парична казна од клубот. Не е познато дали Матиќ ќе биде санкциониран од својот Лион, но дел од јавноста во Франција смета дека оваа кампања повторно довела до поделба, наместо обединување меѓу луѓето.
За разлика од Мохамед, Матиќ реши да настапи на натпреварот против Анже, но имаше црна прекривка на ракавот. Српскиот интернационалец одигра триесетина минути во победата на Лион над Анже со конечни 2-0.