Немања Матиќ го одигра јубилејниоот 700. натпревар во кариерата

Српскиот фудбалер Немања Матиќ го одигра својот јубилеен 700. натпревар во кариерата откако настапи за својот Лион на мечот против Монако во француската Лига 1. 

Поранешната ѕвезда на Челзи и Манчестер Јунајтед има зад себе исклучително богата кариера, а исто така настапуваше за Колубара, Кошице, Витезе, Бенфика, Рома и Рен.

Сезонава одигра 38 меча за Лион во сите конкуренции и постигна еден гол и една асистенција. Најчесто влегуваше од клупата за резерви, а на мечот со Монако беше во почетниот состав на „лавовите“.